ЗА НАС

ГИНИС ДОО ЗД Прилеп е компанија со 20 годишно искуство во графичката индустрија, основана во 2001 година и оттогаш успешно делува во Република Северна Македонија и регионот. Специјализирана е за графички дизајн и производство на печатена амбалажа и останати печатени материјали, а во склоп на компанијата е и производство на картонска амбалажа. Денес компанијата нуди целосна услуга, од креативен дизајн преку висококвалитетно печатење, користење на најквалитетни материјали до професионална доработка на производите, се со цел да ги задоволи барањата на своите клиенти.

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ЖИВОТНА СРЕДИНА

ДОО ГИНИС ЗД ПРИЛЕП е организација која е целосно посветена на примена на квалитетот како систем на работа. Уште од самиот почеток на работењето сме во потрага за нови решенија во областа на печатењето. Високиот степен на системот за управување со квалитет и животна средина е темел на работењето и постојаното унапредување на организацијата.

Примарна цел на организацијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни услуги и производи. Системот за управување со квалитет и животна средина континуирано се надгледува и унапредува со цел да бидат исполнети политиката и целите на организацијата.

Целите на ДОО ГИНИС ЗД ПРИЛЕП се:

  • Поставување и остварување на високи цели и стандарди кои позитивно ќе влијаат на имиџот на компанијата,
  • Исполнување на барањата на Законската регулатива,
  • Креирање на деловен систем за квалитет ориентиран кон пазарот и клиентите,
  • Континуирано подобрување, контрола и следење на квалитетот на услугите во согласност со очекувањата на нашите клиенти, законските барања и светските трендови,
  • Превземање на корективни мерки за постојано унапредување на квалитетот на услугите,
  • Идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои што може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот,
  • Континуирана обука и едукација на вработените како основна потпора на системот за квалитет и животна средина,
  • Минимизирање на испуштањето на отпадни материи во околината и емисии во воздухот, со контрола на загадувањето, и каде што е можно намалување, рециклирање и повторно искористување на отпадот,
  • Континуирана соработка со надлежните организации и институции за заштита, унапредување и развој на животната средина,
  • Примена на нови и економски оправдани технологии за заштита и унапредување на животната средина,
  • Континуирана соработка со добавувачите, клиентите и подизведувачите ипочитување на пропишаните светски стандарди за квалитет на печатење, Одржување и континуирано подобрување на воспоставените системите за квалитет и животна средина, според барањата на меѓународните норми ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015,
  • Секој вработен во компанијата мора да биде запознат со политиката за квалитет и животна средина, да ја прифати и почитува како трајно начело во сопственото работење.

СТРАТЕГИЈА

Доо ГИНИС секогаш ги следи новите трендови и технологии во графиката кои се клучни во освојувањето на нови клиенти и зачувување на старите и се стреми кон постојано подобрување на квалитетот на услугите, одговорност и доследност во извршување на задачите. Заради таа цел во 2021 година е извршена набавка на нова и најсовремена машина за офсет печататење на Б1 формат со 5 бои+лак. Набавени се и машини за штанцовање и позлата и машини за лепење на кутии на 4-6 точки. Во тек е набавка и на други машини за печатење, штанцовање, лепење и доработка.

Во 2021 година ГИНИС ДОО ЗД Прилеп ги имплементира следните сертификати за квалитет
ISO 9001:2015
ISO 14001:2015
FSC chain of custody

Вредности

Главен приоритет се дава на квалитетот на производот, како и на брзината на производството и испораката. Професионалност, флексибилност, квалитет, ефикасност се нашите вредности.
Ефикасното и навременото извршување на нарачките е столбот на кој ја градиме нашата доверба.Одделот за продажба и контакт со клиентите е тим кој е фокусиран да ги разбере и да им излезе во пресрет на желбите на клиентите.

Производи

Амбалажа
Самолепливи етикети
Промотивни производи
Книги и списанија
Календари
Каталози
Прирачници
Брошури
Картонажа

Картонската амбалажа од производите на компанијата наоѓаат примена речиси во сите видови на производи, особено во прехрамбената индустрија, индустрија за кожа и обувки, текстилната индустрија како и во дрвната индустрија.

Катронска амбалажа

  • Картонска амбалажа од брановиден картон
  • Кутии за чевли
  • Кутии за разни намени
  • Пригодна амбалажа
  • Американ кутии